Градежен работник падна од зграда во Штип
Градежен работник е тешко повреден откако при изведување активности на станбен објект во Штип паднал од висина од 3,5 метри.
Полицијата соопшти дека О.С. (54) од Штип, вработен како лимар, вчера околу 13 часот на улицата Гоце Делчев во Штип од засега непознати причини паднал од висина од 3,5 метри на бетонски под.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.