Го фрлил кокаинот на улица и почнал да бега од полиција
Триесет и двегодишен битолчанец заработи кривична пријава кога при контрола на возило бил фатен дека поседува дрога.
„На 30.7.2018 година околу 00.00 часот на локалниот пат од плажата „Голден бич“ кон плажата „Немо“ во Охрид, при контрола над паркирано патничко возило, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла 2,17 грама кокаин по што почнал да бега со уште едно лице што било со него“, соопшти полицијата.