По Синиот кит нова опасна игра, Момо се шири на социјалните мрежи
По „Синиот кит”, опасна игра поради која неколку стотици деца во светот извршија самоубиство, се појави уште една контроверзна онлајн игра – „Момо“, која се распространува преку апликацијата Ватсап.
Играта е наменета за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство, укажуваат стручни лица.
Имено, приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи, за која се смета дека е инспирирана од хорор куклата на јапанскиот уметник Мидори Хајаши, кој формално нема никаква врска со играта.
Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку тие одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.
Бизарната онлајн игра е пријавена во Аргентина, во Мексико, во САД, во земјите на Јужна Америка, во Франција и во Германија, а се проширува и во другите европски држави.