ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски има законски обезбедување
Покрај редовното партиско обезбедување претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има на располагање и двајца припадници на МВР кои се распределени согласно законските нормативи, реагираат од партијата ВМРО-ДПМНЕ по веста дека нивниот лидер побарал 24 часовна заштита.
„И покрај тоа Мицкоски може да се забележи на настани и места каде се движи слободно со своето семејство. Покревањето на ваква тема е уште еден обид за дефокус од реалните состојби. Прашањата имал или не некој од опозицијата или поранешен функционер законско обезбедување не ги сокрива реалните афери и криминал“, сметаат од партијата.
Според нив, на овој начин се сака да се оттргне вниманието, од разрешувањето на „туроператорот на мвр-турс, а повторно службени коли “вртат” низ туристички дестинации;
дали ќе мрдне етичката жица за тендерите ќерка на татко; парите за невладината на Шапуриќ “по Грешка”; иновацискиот фонд за Анѓушев; тортите и хеликоптерите во МО…??“, соопштија од партијата.
Инаку, како што вчера објавија некои медиуми, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски си побара 24 часовна полициска заштита.
Веќе еден месец, полицијата го чува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски , објавија повеќе медиуми.
Тоа било по негово барање. Од екс-функционери на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата го обезбедува уште само Никола Груевски.Нему му следува онолку време колку што бил пемиер во држвата, а Груевски не се откажува од тоа.
Пред извесен период беше укинато полициското обезбедување на Сашо Мијалков и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.