Првиот човек на СВР Скопје најсериозен кандидат за Директор на БЈБ

Владата на вчерашната седница го разреши Лазе Велковски од директорската позиција во Бирото за јавна безбедност. Според неофицијалните информации најсериозен кандидат за негов наследник на чело на БЈБ е Тони Јакимовски,  досегашен началник на СВР Скопје.

Јакимовски важи за близок соработник на Велковски, а бил и член на МАРРИ регионалниот центар.

Предлогот за разрешување на Велковски беше поднесен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пред една седмица, откако Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ бил пратен во Грција со налог потпишан од директорот на јавна безбедност, а со возилото управувал вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. Џипот, според пишувањата на медиумите, ги превезувал ќерката на Велковски и нејзини другарки.

Треба да знаете
Последни објави