МЗТ Скопје Аеродром со подготовки за новата сезона

МЗТ Скопје Аеродром со подготовки за новата сезона

Македонскиот кошаркарски вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром вечерва во комплетен состав ќе ги почне подготовките за новата сезона. Квартетот странци се појавија во Скопје, а тоа се : Американците Лестер Медфорд и Џејмс Вудард пристигнаа доцна синоќа, а претходно во Скопје се појавија Хрватот Иве Иванов и Србинот Андрија Бојиќ, кој и лани беше дел од тим. Тренерот Ѓорѓи Кочов со македонските играчи во составот имаше веќе неформални тренинзи изминативе десетина дена.

Според планот на стручниот штаб во СЦ „Јане Сандански“ ќе се тренира до недела, а во понеделник тимот ќе оди за Маврово каде ќе се одработат базичните подготовки. Планирани се одигрување на шест пријателски натпревари, а веќе се договорени по две со Гостивар и со бугарскиот тим Левски.

Првиот официјален натпревар МЗТ Скопје Аеродром ќе гоима на 27.септемви на домашен терен против словенечкиот тим Хелиос во АБА 2 лигата.

Треба да знаете
Последни објави