Протоѓер: Миле после избори да одиш на тест за интелегенција!
Во Кривичниот суд заврши денешното рочиште на кое беа слушани „бомбите“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети неколку поранешни функционери за изборите во 2012 година.
Во дел од „бомбите“ беа слушнати разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски во кои разговараат како да се анимираат гласачите за изборите што се одржаа во 2012 година.
Порталот „Сведок“ објави дел од разговорот меѓу Миле и Мартин во кој се договараат да се продолжи рокот на партискиот оглас за пријавување кандидати, на што Јанакиески реагира дека тоа е невозможно бидејќи завршува рокот за пријавување во ДИК. На ова, Протуѓер реагира: „Миле, после избори задолжително да одиш на тест за интелигенција“, вели Мартин откако сфаќа дека Јанакиески направи збрки со датумите.
(Извор: Сведок)