Во 7 бомби има приватни разговори и за нив СЈО побара јавноста да биде исклучена
Во седум бомби има приватни разговори и за нив СЈО побара јавноста да биде исклучена откако претходно во судницата ќе бидат пуштени сите бомби.
Специјалното обвинителство во овој предмет има покането 191 сведок и има 5 910 писмени докази.
На почетокот на рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ како доказни материјали требаше да се слушаат повеќе од 1.000 прислушувани разговори, но адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски забележа дека аудио снимките не се докази, бидејќи судот ги добил како оригинали, а тие биле преснимувани, рече адвокатот Еленко Миланов.
Адвокатите на Груевски го побараа на увид записникот за предавање на прислушуваните разговори (бомбите) од СДСМ во СЈО.
Судењето за „Титаник“ на кој се присутни сите обвинети ќе продолжи во 13 часот. Судијата Осман Шабани даде пауза од еден час, заради како што рече, потребите на обвинетата Гордан Јанкулоска која е доилка и најави дека секое рочиште ќе се спроведува во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.