Одбраната во „Титаник“ бара да не се слушаат „бомбите“ во судница
На почетокот на рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ како доказни материјали требаше да се слушаат повеќе од 1.000 прислушувани разговори, но адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски забележа дека аудио снимките не се докази, бидејќи судот ги добил како оригинали, а тие биле преснимувани, рече адвокатот Еленко Миланов.
Адвокатите на Груевски го побараа на увид записникот за предавање на прислушуваните разговори (бомбите) од СДСМ во СЈО.
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за „Титаник“, во кое покрај Груевски, овинетите се и поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и други функционери од претходната власт за повреда на избирачко право, злосторничко здружување, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.
Судењето за „Титаник“ на кој се присутни сите обвинети ќе продолжи во 13 часот. Судијата Осман Шабани даде пауза од еден час, заради како што рече, потребите на обвинетата Гордан Јанкулоска која е доилка и најави дека секое рочиште ќе се спроведува во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.