Невреме со град и дожд го зафати Охрид
Силно невреме проследено со грмежи, град и пороен дожд попладнево после 14:30 часот го зафати Охрид.
Повеќе улици беа поплавени, што го отежна сообраќајот, а вода навлегла и во дворови и куќи.
Невремето, кое траеше околу еден час, беше пропратено со силен ветер кој искрши гранки и постари дрвја. Екипи на Јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на последиците.
Штетите од невремето дополнително ќе се утврдуваат.
Извор: Ohrid1.com