Зоран Ставрески нарачал инспекција за фирма која им свртела грб
Во екот на изборната кампања во 2011 година, министерот Зоран Ставрески од Миле Јанакиески бара да испрати инспекции во фирма Радовиш бидејќи им свртеле грб на ВМРО-ДПМНЕ.
-Да пуштиш контрола во Марди во Радовиш, обавезно трудова инспекција. Им помагавме а сега се свртиле со Љубе или со Љупчо, незнам, му вели револтирано Ставрески на Јанакиески, тогашниот шеф на изборната кампања на ВМРО- ДПМНЕ.
Ова е уште една од бомбите која денеска беше објавена во случајот Титаник.