Мафијата ги вмешува своите прсти буквално во сè, па така постојат теории дека тие би можеле да бидат одговорни за катастрофалното рушење на мостот во Џенова каде 39 лица го загубија својот живот.
За разлика од другите катастрофи кои ја погодувале Италија, како што се земјотреси, поплави, сепак не станува збор за работи кои се во “Божјата рака” и како што е кажано дека станува збор за гром кој удрил во столбот на мостот. Набрзо е откриено дека станува збор за трагедија за која се одговорни луѓе, наведува Тобијас Џонс.
Многу Италијанци го обвинуваат оргнизираниот криминал. Планирањето на мостот Моранди започна со планирањето на рутата која би ја поврзувала Италија и Франција, а која започна во 60 години.
Иако не постојат конкретни докази за спроведување на криминалните работи за време на изградбата, власта од 1948 до 1992 година била позната по конфронтациите помеѓу Христијаните демократи и организираниот криминал. Нив им биле гарантирани гласовите како и донации во замена за доделување на јавни договори.
Понекогаш цената на тој договор се покажувала децении подоцна. Имено, во последните пет години, дури 9 мостови биле срушени во Италија.
Утврдено е дека јавните договори се едни од најголемите извори за заработка на различните мафии во земјата. Тие можат да ги содржат сите сектори на јавната работа, од договори за чистење на градскиот отпад, па до медицински и градежни работи.
Имено, мафијата презела толку многу градежни проекти што тамошниот министер за инфраструктура Пјетро Лунарди во 2001 година ги шокираше Италијанците кои ги почитувале закони, нагласувајќи дека проблемите на мафијата секогаш биле присутни и дека е потребно “да прифатиме да живееме со таа реалност”.
Буџетите за изградба се толку големи што овозможуваат одлична прилика за организираниот криминал да пере пари. Односно тоа на мафијата му дозволува, во земја во која невработеноста на млади е дури 30 % да одредува кој ќе работи, а кој нема да работи.
Организацијата против мафијата тврдат дека инспекторите често се заплашувани и уценувани, така што нивната безбедност е проценета на минимум.
Ова особено е опасно поради други проневери, особено поради употребата на “сиромашниот цемент”, употребуван како мешавина која штеди пари, но може да чини животи.
Полицијата во 2009 година истражувала дури 20 случаеви на разреден цемент. Списокот на згради кои би можеле да се рушат поради овој цемент се стотина, вклучувајќи и болници, училишта и аеродроми.