Јанкулоска вртела телефони Белград да види дали Јасна Црвенковски, има имот во Хрватска
По паузата, во кривичниот суд попладнево продолжи репродуцирањето на 1000 бомби од СЈО во предметот „Титаник“.
Во една од нив, Протоѓер и’ нарачува на Јанкулоска да провери преку нејзините контакти, дали сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.
„Ни треба потврда дали е тоа лице. Чуј се со Горан Трајковски“, и’ вели Протоѓер на Јанкулоска и додава дека тоа ќе направело пресврт во кампањата.
Јанкулоска во следен разговор му потврдува дека проверувале во регистарот на државјани и во регистарот на дијаспората. Протоѓер и’ дава насоки да провери преку сестра и’ на сопругата на Црвенковски, која работела во Амбасадата кај Љубиша Георгиевски.
„Ни Дачиќ не знае каква услуга сум побарала, оти и он е комуњар, знаеш“, се шегува Јанкулоска.
„Ти вртам за да знаеш како да го спакуваш“, додава Јанкулоска. Таа подоцна на Протоѓер му потврдува дека на таа адреса во Хрватска, семејството кое живее таму е на Јасна Црвенковска, сопругата на Бранко Црвенковски.