Љуботен и Раштак без струја и вода два дена
Половина од селото Љуботен и Раштак веќе 24 часа е без струја. Поради исклучената струја, жителите немаат и вода за пиење.
Пред околу еден месец жителите на Љуботен и Раштак биле исклучени од напојување со струја цели 36 часа.
Тие отворено се сомневаат дека исклучувањето од струја е своевидна казна поради тоа што некои жителина околните села не плаќаат струја.
-Можеби е така во соседните села, но ние, во Љуботен, таков проблем немаме.колку што ми е познато, нема масовно неплаќање на струја.
24 инфо побара информации од градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски што се случува изминативе 24 часови со електричниот систем во делот од општина Бутел ?
Со ЕВН Македонија изминатите часови сме во жешки телефонски разговори да се одстрани дефектот и од нивна страна е објаснето дека до 12:30 часот ќе бидат пуштени трафостаниците од селата во спротивно јас со граѓаните од територијата на општината ќе превземене по радикални мерки вели во телефонскиот разговор градоначалникот Смилевски.