2 годишно дете со тешки повреди заврши на Клинички откако било прегазено од комбе

2 годишно дете со тешки повреди заврши на Клинички откако било прегазено од комбе

Во текот на вчерашниот ден околу 17:40 часот во Куманово, на улица „Средорек”, Д.С.(26) од Италија управувајќи товарно моторно возило, комби “Волсваген” удрил во две годишно дете од Куманово, информираат од МВР.

На детето му е укажана лекарска помош во болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што е препратена на лекување во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави