Гази Баба: Героргиевски не се меша во работата на директорите на училиштата
ВMРО-ДПМНЕ наместо да шири лаги, да се приклучи во проектите на општината кои побрзо ќе им овозможат подобар живот на сите граѓани. Ваква е реакцијата на Општина Гази Баба по обвинувањата на опозицијата дека градоначалникот Борче Георгиевски се обидувал да влијае врз работата на директорите на основните училишта за да ги мести јавните набавки.
„Општина Гази Габа најостро ги осудува шпекулациите изнесени од страна на Сашо Кутлешевски од ВМРО – ДПМНЕ, дека градоначалникот Борис Георгиевски се меша во работата на директорите на основните училишта. Георгиевски, ниту се мешал, ниту ќе се меша во работата на директорите во образовниот систем, а најмалку во секторот за јавни набавки. ВМРО ДПМНЕ треба да знае дека заврши времето на договорени тендери во општина Гази Баба“, се вели во реакцијата на Општина Гази Баба.
Општината преку соопштение изрази жалење што, како што велат, ВМРО – ДПМНЕ наместо да го поздрават градежниот бум во Гази Баба, ја замајуваат јавноста. Гази Баба додава дека граѓаните на последните избори одбрале промени кои уште веднаш ги забележале на терен секое населено место.