Вардар го освои ракометниот Супер куп во Струга
Актуелниот првак на Македонија тимот на Вардар го освои првиот пехар во новата сезона. Во рамките на Супер купот што се одигра во Струга „вардарци“ го совладаа Металург со 33:24 (16:10).
Натпреварот беше изедначен само до 4:4 и потоа Вардар почна да создава предност. Во неколку наврати Вардар имаше водство од 9 голови, додека највиската предност од 10 разлика (33:23)ја имаше во финишот на дуелот
Тимур Дибиров со 8 голови беше најефикасен кај Вардар, додека кај Металург по 4 голови постигнаа: Халил Јагањац, Димитар Димитриоски, Марио Танкоски и Филип Кузмановски.
Првото коло од машката ракометна лига стартува на 16.септември, додека Вардар и Металург во рамките на СЕХА лигата во 1.коло ќе играат на 29.август.