Ѓоковиќ испиша историја, го растури Федерер
Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ го преслуша Рожер Федерер во борбата за титулата на Мастерсот во Синсинати и на тој начин испиша нова страница во историјата на тенисот.
Имено Ѓоковиќ со денешниот триумф од 2-0 (6-4, 6-4) ги комплетираше сите девет турнири од серијата 1000 и на тој начин го освои „Златниот Мастерс“. Тој е првиот играч кој успеа да дојде до овој фантастичен резултат, откако АТП го воведе овој систем на натпреварување пред 28 години.
Што се однесува до самиот меч, Ноле беше подобар и поквалитетен ривал, во првиот сет успеа еднаш да му го одземе сервисот на Федерер, додека пак во вториот успеа да направи пресврт и да дојде до посакуваниот резултат и покрај тоа што Швајцарецот му го „украде“ сервисот во вториот гејм.
Ѓоковиќ со ова ја зголеми предноста во однос на Рожер во меѓусебните дуели, сега резултатот е 24-22.
A 🏆😘 worth waiting for… @DjokerNole #CincyTennis pic.twitter.com/JBbxINF9Bg
— Tennis TV (@TennisTV) August 19, 2018