Додека пајакот му го дигал Мерцедесот се обидел да го претепа и прегази полицаецот
Вчеравечер 29 годишен турски државјанин , кој бил на гости во Ростуше , сакал да натепа вработен во пајак службата во Скопје и да прегази полицаец.
Турскиот државјанин вчеравечер во 21.40 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, во моментот кога полициски службеник со специјално возило преземал мерки за отстранување на погрешно паркирани возила, едно непознато лице почнало да го влече вработениот во Пајак службата, а се обидело и да го удри.
Потоа, лицето влегло во патничко возило „Мерцедес“, го стартувало возилото и удрило во полицискиот службеник(се здобил со телесни повреди), по што го запрело возилото, излегло и почнало да бега.
Полицискиот службеник успеал да го фати и лиши од слобода. Во тој момент друго непознато лице го стартувало возилото и побегнало во непознат правец.
Утврден бил идентитетот налицето, се работи за Б. Х. (29) од Република Турција со привремен престој во с.Велебрдо- Ростуше. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштува МВР.