Пукал во роднината и избегал, се трага по напаѓачот во Гостивар
Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачот што денеска од огнено оружје пукал и повредил роднина во својот дом во гостиварското село Долна Бањица.
Од ОЈО соопштија дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото и издал наредби за собирање траги од местото на настанот, за скицирање и фотографирање на местото и наредба за трагање по осомничениот.
Од гостиварското обвинителство информираат дека осомничениот кој е блиок роднина на оштетениот, пукал со огнено оружје и го ранил во стомакот. Ранетиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција. Осомничениот е недостапн, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.