Јанкулоска до Ставрески: Немаме бензин во МВР, се’ што имавме потрошивме за изборите
„Немаме бензин. Точно е. Се’ што имавме потрошивме. По 20 литри им даваме на станица. Таа е состојбата и не е само во Струмица. Одат со приватни коли да прават увид. Кога има убиство, со приватни коли одат на увид”. Ова му го вели екс министерката Гордана Јанкулоска на тогашниот вицепремиер Зоран Ставрески, во телефонски разговор од 31 мај 2011 година.
Во разговорот за барањето да се концентрира повеќе полиција во ромското маало.Јанкулоска му се жали на Ставрески дека полициската станица во Струмица нема бензин, што не е изолиран случај и го има низ цела Македонија.
Јанкулоска му вели на Ставрески дека ситуацијата е најлоша во Скопје бидејќи во главниот град ни тоа не им го давале. Ексминистерката му раскажува на Ставрески дека немаат пари за бензин и едвај обезбедиле за денот на изборите, на што Ставрески ѝ одговара: „Е па да сме живи и здрави.”
Во Кривичниот суд продолжува пуштањето на необјавените „бомби“ во „Титаник”.