Европскиот шампион Реал Мадрид синоќа го одигра првиот натпревар од новата сезона во шпанската Примера. Реал го победи Хетафе (2:0), но мечот го одбележа негативниот рекорд по број на гледачи на „Сантијаго Бернабеу“ во последните 10 години.
Натпреварот го проследија само 48.446 гледачи нешто повеќе од половина од капацитетот на стадионт, што тамошните медиуми го оценија како последица од заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.
Се проценува дека раководството во многу брзо време треба да најде соодветна замена за Португалецот кој беше „магнет“ за публиката.
Следниот натпревар од домашниот шампионат на свој терен Реал ќе го игра на 1 септември против Легањес.