Скопјанец заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги и психотропни супстанции.
При претрес во домот на 34-годишниот Ќ.А. полицијата пронајде четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 186,84 грама, една дигитална вага со остатоци од хероин и една сим картичка со остатоци од хероин.
Против него е поднесена кривична пријава.