Синоќа, околу 21:50 часот, во Скопје на булевар Крсте Мисирков од страна на две непознати лица со употреба на физичка сила извршено е разбојништво над 49-годишен скопјанец.
Во инцидентот, на ограбениот човек му била одземена чанта во која имал мобилен телефон, паричник и документи.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.