Педесет и двегодишен маж од Кичево е тешко повреден откако паднал од работна машина која влечела приколка натоварена со дрва.
Инцидентот се случил синоќа во 20:30 часот во Кичево на улица Амит Челопечанец, соопшти МВР.
По незгодата, М.Р. бил префрлен во Медицински центар Кичево, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е испратен во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид.