Роден без раце и нозе, прави невозможни работи со устата и брадата
Единаесетгодишниот Тијо Сатрио од Западна Јава во Индонезија е роден без екстремитети, но тоа не го спречува да биде подвижен и самостоен и својот живот да го исполнува со различни содржини.
Тој е вистински махер за Плеј – стејшн, кој пронашол начин да ужива во омиленото хоби. Тој со брадата управува со компјутерот и може да им парира на играчите кои оваа игра ја играат со раце.
Според зборовите на управникот на училиштетп, Тијо е многу интелигентен и одличен ученик, а посебно е добар во математика и религија.
Тијо го прифатија и другите деца во училиштето и бидејќи е весел и постојано се смее, секогаш е опкружен со другари, а омилен е и меѓу наставниците. Се движи самостојно, како фока, и брзо може да стигне каде сака.
Неговата мака истакнува дека е горда на него и дека воопшто не била свесна за состојбата на своето бебе додека била трудна. Таа вели дека никој не и рекол дека бебето нема екстремитети, па дури ни откако го родила. Семејството на полноќ, кога имало малку лекари, детето веднаш го завиткале и го однеле, а кога утредента и го покажале, доживеала вистински шок.
Поради тоа што состојбата на Тијо бара големо внимание од мајката, таа не може да работи, а примаат помош од државата. Но како што Тијо станува се по самостоен има повеќе надеж за ова семејство, кое има уште две деца, да стане финансиски понезависно.