Иако секој од нас има различни утрински рутини, речиси сите сакаме да го започнеме денот со ароматични и вкусни напитоци.
Додека некој смета дека не може да се разбуди без кафе, некои повеќе сакаат какао или пак вкусен и здрав чај. Чајот е една навистина здрава опција која не само што ќе му годи на вашето тело и кожата, туку и ќе ви ја даде и потребната енергија за денот.
Денеска издвојуваме три фантастични чаеви за утринска детоксикација на организмот и за вистинско уживање во првите минути од денот.
Чај со цимет
Циметот е вториот најмоќен антиоксиданс на светот. Помага во намалувањето на тежината, како и ги топи масните наслаги. Тој е одличен зачин и вкусен додаток во чаевите.
Рецепт:
– Зелен чај
– Една лажица цимет
– Сок од лимон
– Мед
Чај со ѓумбир
Овој чај е одличен избор ако чувствувате мачнини и имате проблеми со желудникот, но исто така, ќе ви даде енергија и ќе ви го ревитализира целото тело. Ги смирува болките, го регулира нивото на шеќер во крвта поради што е одлична замена за кофеинот што ви е потребен наутро.
Рецепт:
– Зелен чај
– Сок од лимон
– Една лажичка ѓумбир
– Мед
Чај со куркума
Совршен за сјајна кожа, ја подобрува функцијата на црниот дроб и намалува било какви воспалувања.
Рецепт:
– ¼ лажица куркума
– 1 лажичка ѓумбир во прав
– Две шолји вода
– Една супена лажица мед