Штетните последици од пиењето вода со лимон

Водата со лимон е еден од најпопуларните напитоци за слабеење. На многумина денот им почнува токму со овој здрав напиток за кој е познато дека го чисти организмот од токсини и ја подобрува столицата. Но, доколку претерате со лимонот може да се појават и одредени здравствени проблеми.

 

1. Оштетување на забите

Некои истражувања покажале дека пиењето вода со лимон може да предизвика ерозија на забите. Според друга објавена студија, премногу сок од лимон во исхраната може да ги оштети забите. Киселината од лимонот може да ја оштети забната глеѓ.

Друга бразилска студија покажала дека сокот од лимон има корозивни ефекти врз забите, слични на оние на безалкохолни пијалаци. Ако имате навика секое утро да консумирате вода со лимон не треба да се откажате. Само погрижете се почесто да ги четкате забите, на пример двапати дневно.

2. Влошување на жиговина и чиреви

Според истражувањата, лимонот може да предизвика или влоши жиговина (непријатно чувство на киселот што се јавува во грлото предизвикано од стомачни киселини) со активирање на пепсин, ензим во стомакот кој ги разградува протеините до пептиди. Исто така, лимонот може да ги влоши симптомите на жиговина. Жиговината е главен симптом на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Сокот од лимон, исто така, може да ги влоши пептичните чирови кои се формираат од прекумерно кисели дигестивни сокови. Консумирањето сок од лимон (и друга кисела храна) само може да ги влоши работите.

3. Може да предизвика гадење и повраќање

Лимонот е пребогат со витамин Ц, така што е многу важно да се напомене дека премногу витамин Ц може да предизвика гадење, а во некои случаи и повраќање. Повеќе од 2 лимони или 3 шолји разреден сок од лимон може да доведе до предозирање со витамин Ц. Иако ова не претставува сериозна закана за телото, може да предизвика повраќање.

4. Може да доведе до зачестено уринирање

Сокот од лимон, особено растворен во вода, делува како диуретик. Поттикнува зачестено уринирање и ако се  претера со консумирање може да доведе до чувство на дехидрираност. Ова се случува затоа што сокот од лимон го ослободува телото од вишок вода.

Треба да знаете
Последни објави