Прегазено четиригодишно девојче во Скопје

На  улицата „Благоја Паровиќ“ во Скопје вчера во 22:15 часот, патничко возило  со скопски регистарски ознаки, управувано од  41-годишниот Е.Б.  од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје. 

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар.

По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави