Направете го специјалитетот на слаткарниците, неодоливата шампита во својот дом.
Состојки:
300 гр. шлаг
350 гр. шеќер
30 гр. желатин
800 гр. млеко
2 штангли чоколадо
250 гр. бисквити
Подготовка:
Се ставаат млекото и шеќерот да провријат, па се тргаат од рингла, а додека е врело се става желатин со 15 лажици топла вода во него.
Се меша додека не се олади повремено.
Се додава шлаг и се мати со миксер додека не се добие густа смеса.
Се ставаат бисквити во плех, натопени со млеко и горе смесата.
Се ренда горе чоколадо.