Маж од Дебар на 35-годишна возраст бил пронајден мртов на местото викано Славило, над селото Локов, Струшко.
Случајот бил пријавен во полициската станица Струга утрово околу 4:30 часот.
Полицијата соопшти дека мажот напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром.
Увид ќе се врши во текот на денот.