Овните ги исполнуваат обврските, Близнаците се напнати, Раковите борбени, а Лавовите супер расположени.
Ова е хороскопот за 22 август.
Овен
Работа – Тензијата е голема поради незавршените работи. Не е лоша идеја да се изолирате малку и да се зафатите со работа.
Љубов – Доколку сте во брак, не очајувајте и не мислете дека партнерот ви го свртел грбот. Имате лоша поставенот на ѕвездите на ова поле.
Здравје – Одмарајте.
Бик
Работа – Ако работите на полето на приватен бизнис, ве очекуваат големи вложувања. Пробајте на конструктивен начин да се носите со ситуацијата.
Љубов – Многу сте пасивни на ова поле. Ако сте сами, ќе поминете мирен и спокоен ден.
Здравје – Пад на имунитетот.
Близнaци
Работа – Кога се во прашање одредени заеднички вложувања, не е лоша идеја да размислите добро околу довербата која ја имате кон партнерот во бизнисот.
Љубов – Под притисок сте и добро би било да најдете издувен вентил за тоа.
Здравје – Голем стрес денес.
Рак
Работа – Денес сте особено борбени. Внимавајте на изливите на емоции кон лицата во вашето окружување.
Љубов – Можен е почеток на тајна љубовна врска која носи одредено ниво на страв. Пробајте да размислите добро.
Здравје – Покачен крвен притисок.
Лав
Работа – Одлично расположение на работа. Послушајте го својот внатрешен глас кога станува збор за нови одлуки.
Љубов – Се забележуваат прикриени емоции кои не можете долго да ги криете. Признајте веќе еднаш.
Здравје – Зголемен стрес.
Девица
Работа – Се занимавате со личните проблеми на вашите колеги, а тоа воопшто не е ваша работа.
Љубов – Ве привлекува повозрасна личност, па нема долго да размислувате колку е важна содржината на тоа што го застапувате како став.
Здравје – Можна е тахикардија.
Вага
Работа – Полето на кариера ви е доминатно и не треба да застанувате. Дајте енергија кон тоа што го работите.
Љубов – Излезете со партнерот. Избегнете ги своите правила овој пат.
Здравје – Без тегоби.
Шкорпија
Работа – Активното поле на работа и финансии ве исцрпува. Сакате одмор.
Љубов – Морате уште многу да направите за да најдете среќа на ова поле.
Здравје – Дигестивни проблеми.
Стрелец
Работа – Сте имале и полоши денови, затоа стегнете заби и издржете.
Љубов – Сакате некој покрај себе и немате намера да се интегрирате додека се уште сте во заедница која ви ги отвора вратите кон среќата.
Здравје – Можни се проблеми со имунитетот.
Јарец
Работа – Не сте доволно зрели за подобри професионални потези. Се е во тоа дека понекогаш грешите и ги поправувате старите предлози.
Љубов – Не сте романтични во онаа мера во која партнерот го очекува тоа од вас. Морате да ја сфатите суштината на вашите емоции.
Здравје – Мигрена.
Водолија
Работа – Пробувате во ред да ги доведете професионалните работи и воопшто не ви е лесно.
Љубов – Многу одговорно се однесувате кон емоциите на вашиот партнер. Не сакате да пропуштите ништо важно на ова поле.
Здравје – Пијте течности.
Риби
Работа – Забележувате стабилност во однос на тоа што го правите.
Љубов – Морате да поведете сметка за последиците. Слушнете го внатрешниот глас.
Здравје – Болки во коските.