Интересот на жената за водење љубов се повеќе опаѓа поради големите барања на партнерот, деца, и работа.
– Секоја десета жена водењето љубов и е се помалку превлечно, а секоја четврта има проблем да доживее оргазам – истакнува доктор од Лондон , кој со колегите спровел опсежно истражување меѓу 11.000 Британки на возраст од 16 и 44 години.
Мажените жени имаат проблеми во однос на жена и маж кој не се во постојана врска, покажало истражувањето. Паровите во просек имаат четири интимни односи месечно, со тоа што провокативното однесување на жената во брак наеднаш се менува во однос на првите денови на вљубеност.
Жените најчесто велат дека овие проблеми се воочливи кога имате дете помало од пет години.
-Тоа е сосема логично, со обзир на недостаток на сон. Одгледување дете и грижа за семејство за жената се потешки отколку за мажот, при тој има 10 пати поголемо ниво тестостерони во споредба со женските хормони. Меѓутоа никој не е подготвен до крај отворено да разговара на таа тема. Дури 44 отсто жени и 35 отсто мажи имаат проблеми на тоа поле, а само 11 отсто мажи и 21 отсто жени подготвени се на таа тема да побараат стручна помош – вели докторот.