Постојат одредени симптоми, кои можат да ви укажат на тоа дека на вашиот организам му недостигаат одредени витамини и минерали.
Во продолжение прочитајте за некои од нив:
Слаби коски
При овој симптом, станува збор за недостаток на витамините A, C, D и K, како и хром, цинк и магнезиум.
Чести грчеви
Многу луѓе се жалат на грчеви во стапалата и листовите, проследени со затегнување на мускулите. Во овие ситуации, многу често станува збор за недостаток на магнезиум, калциум и калиум, кои влијаат на развојот и работата на мускулите.
Слаб имунитет
Силниот имунитет е многу значаен за севкупното здравје, бидејќи му помага на организмот да се избори против воспаленија и најразлични видови на инфекции, односно полесно да оздравее. Кога се ослабени одбранбените сили на организмот (имуниот систем), неретко доаѓа до појава на болести. Слаб имунитет може да се одрази и при недостаток на витамините и минералите A, C, D, E, како и хром, селен, магнезиум и цинк.
Проблеми со кожата
Појава на акни, алергии, како и други кожни проблеми кои можат да предизвикаат бројни непријатности, можат да се создадат како резултат на недостаток на витамините A, B3, B8, C, E, биотин, омега 3 масните киселини, бакар, селен или пак цинк.
Проблеми со варењето
Лошото варење може да предизвика бројни проблеми, како што се констипација, дијареја или појава на гасови. Многу често причината за овие непосакувани проблеми лежи во недостатокот на витамините B12, C, D, E, K B12, како и железо, селен, магнезиум или цинк.