Јунајтед има целосна доверба во Мурињо

Управата на Манчестер Јунајтед ја отфрла можноста Зинедин Зидан да биде назначен за тренер на екипата.

Според многумина Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо игра дефанзивен и досаден фудбал, незадоволството меѓу навивачите на „Црвените Ѓаволи“ порасна после поразот од Брајтон минатиот викенд во рамките на второто коло од англиската Премиер лига.

Многумина сметаат дека Мурињо треба да добие отказ, а за негов идеален наследник го гледаат поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој што откако се повлече од тренерската позиција во Реал, моментално е слободен.

Сепак, според англиските медиуми, Жозе Мурињо има целосна поддршка од управата на Манчестер Јунајтед, без оглед на слабата игра и поразот од Брајтон минатото коло.

Жозе Мурињо во првата сезона како тренер на Манчестер Јунајтед ја освои Лига Европа, ФА Купот и Комјунити Шилд.

Треба да знаете
Последни објави