Актерот Владо Јовановски не повикувал на насилство, туку читал песна од Блаже Конески
Според неговиот адвокат, актерот Владо Јовановски само пеел патриотски песни и држел говори без умисла и акт на насилство.
Во пленарната сала, говорот го почнува со песна од Блаже Конески и не повикува на насилство – рече адвокатот.
Според неговите зброви Јовановски пред влезот на Собранието стоел со грбот свртен кон вратата и рецитирал и пеел. Во кривичниот суд продолжи изнесувањето воведни говори на адвокатите на обвинетите за крвавиот четврток.