Обвинетите сториле „тероризам со зборови, а не со дела“, тврдат адвокатите
Адвокатите на дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година, денеска во воведните говори пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти. Бранителите тврдат дека обвенетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство.
Дончо Наков кој е бранител на обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен и Абдуљифета Алими, рече дека тие немаат вина и се товарат за искажани зборови односно сториле „тероризам со зборови, а не со дела“.
Арнаудов, кој се товари дека ја насочувал масата во Собранието, според Наков, од местото каде што бил не можел да ја насочи масата, бидејќи само таму можела да оди и немало друг можен пат на движење.
За Владо Јаневски, адвокатот рече дека не повикувал на насилство туку држел говори со поезија и цитати од револуционери. Јаневски се товари дека како организатор на „За заедничка Македонија“ ја повел масата пред Собрание, но тој, според Наков, во изјава за еден медиум дента кажал дека е само учесник на протестите. Не можел да ја повика масата бидејќи не бил таму, туку му било одземено возилото од „пајак службата“ и од 17 часот и 37 минути до 18 часот и 30 минути бил на паркингот кај нова железничка и плаќал глоба. Тоа е потврдено од полиција и од Градски паркинг, рече Наков.
За Богдан Илиевскки, пак, кажа дека сам се јавил на органите на прогонот.
Илиевски, според Наков, 15 минути седел со грб свртен пред полицајците на скалите во Собранието и со кренати раце се обидувал да ја смири масата. Поосчи и дека за време на 65 протести на „За заедничка Македонија“ немало ниеден инцидент.
За Абдуљифета Алими кажа дека кога слушнал дека го бараат бил во Швајцарија каде му се родил внук, полицаец, кој се товари за давање на клуч од средната врата на Собранието на еден од обвинетите, Наков тврди дека таа врата не била отворена и оти Алими само бил на работа и го должел клучот.
Алими, според него, во салата 3 ги бранел пратениците и бил во групата што правела штит пред нив. Успеал да го заштити Зијадин Села и да го извади од салата, а бил и дел од лицата што го бранеле Зоран Заев кога бил нападнат и повреден.
И Еленко Миланов, бранител на Игор Дурловски, Мунир Пепиќ и Љупчо Димовски, кажа дека тие не се винови и оти ќе докаже дека немаат никакво кривично дело.
– Дали присуството на граѓани во Собранието без никаков акт на насилство може да се третира како обид за уривање на уставниот поредок, праша Миланов.
Љупчо Димовски, според него, не презел никакво дејствие, а Игор Дурловски воопшто не бил во групата што се движела и влегла во Собранието, туку дошол половина час по упадот и никого не поттикнувал на насилство. Бил само во пленарната сала каде немало насилство.
За Пепиќ рече дека ќе докаже оти воопшто не бил во салата 3. На протестот на „За заедничка Македонија“ Пепиќ бил службено како вработен од Агенцијата за разузнавање и следел едно лице. Тоа лице влегло во Собрание па и тој морал да влезе заедно со него.
Денешното рочиште ќе продолжи со воведни зборови на бранителите и на преостанатите обвинети за собранските случувања на 27 април