Роналдо откри каква била реакцијата на Квадрадо кога му ја побарал „7-та“

Кристијано Роналдо беше доста актуелен во текот на вчерашниот ден поради тоа што беше претставен како заштитно лице, не само поради договорот кој го потпиша со влијателната стриминг компанија, туку и поради фактот што даде изјава за време на промоцијата.

Новата голема ѕвезда на Јувентус откри какви се неговите први впечатоци од новата средина и престојот во Торино, но исто така, обелодени и детали за тоа како го добил дресот кој инаку му припаѓаше на друг играч пред да пристигне во италијанскиот шампион.

Добро познато е дека Квадрадо мораше да го отстапи својот број по пристигнувањето на големата ѕвезда, но Кристијано сега открива дека најпрво побарал дозвола од страна на Колумбиецот за да го добие неговиот омилен број.

– Сите знаат, бројот 7 е мојот омилен број и сакав да го носам тој дрес. Прво разговарав со клубот и потоа секако со Квадрадо, играч кој ја имаше „7-та“ во свој посед. Тој ми порача дека нема да има никаков проблем, ми стави до знаење дека ќе му биде чест да ми ја препушти „7-та“. Бев навистина изненаден на позитивен начин бидејќи неговата реакција беше многу добра. Навистина многу ми значи што ќе играм во Јувентус со овој број, – вели Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави