Почина Екрем Хусеин – доајенот на македонскиот балет
Екрем Хусеин доајенот на македонскиот балет по долго боледување почина денеска на 75 годишна возраст.
Ќе остане запаметен по бројни услоги во балетските претстави во неговата над 50-годишна кариера.
Во 2008 година ја доби наградата „Менада“ на „Танц Фест“ – Скопје за врвни достигнувања во танцот.
Погребот на Хусеин ќе се одржи денеска на турските гробишта во Бутел. Поради колективниот годишен одмор комеморација во неговата матична куќа – Македонската опера и балет, најавуваат за следната недела.