Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје температурата ќе се движи од 16 до 33 степени.
Според информациите во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. За време на викендот во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена се очекува в понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали десетина степени.