Милошоски во јавната пропаганда за референдум со бојкотирачки став
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до Претседателот на Собранието, Талат Џафери известува дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум.
„Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин“ – се вели меѓудругото во соопштението на Милошоски испратено до Џафери.
Пратеникот побара да му бидат обезбедени средства за намената.