Во Скопје 13 сообраќајки и 18 повредени

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и шест со материјална штета. При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 15 со лесни телесни повреди.

49 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 18 возачи бидејќи осум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување моторно возило и 10 го управувале возилото под дејство на алкохол.

Девет возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле, тројца неправилно престигнувале и двајца не користеле заштитен шлем.

Во текот на изминатиот ден издадени се 63 мандатни платни налози, додека исто така 58 возила се подигнати со „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави