Кривична пријава против екс-градоначалникот Талески за „несовесно работење“

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Владимир Талески (59) од Битола, поранешен градоначалник на Општина Битола, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

 

Во период од 2015 до 2017 година, пријавениот спротивно на Законот за локална самоуправа дозволил две правни лица да бидат ослободени од плаќање месечен надомест за вршење линиски превоз на патници во општина Битола, со што нанел штета на општината во висина од 799.200 ден.

Покрај ова, со потпишување на договори со превозници и правни лица кои користат услуги, неосновано створил побарување на општината од 11.329.253 денари.

Исто така, по завршување на проект, не презел дејствија за вршење на надзор за одржување на автобуските постојки.

Треба да знаете
Последни објави