Силувано малолетно девојче од Домот за деца со социјални проблеми
Силувано девојче од Скопје во одморалиштето „25-ти Мај. Според информациите на полицијата, вчера во 23.00 часот во Полициската станица Струга, 14-годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми, кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, пријавило дека истиот ден околу 16.00 часот непознато лице извршило други полови дејствија над неа.
Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга.Таму била пресретната од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе. По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.