Потребни состојки:
300g шеќер
100ml вода
Половина коцка маргарин
200g млеко во прав
100g црно чоколадо
100g бело чоколадо
Подготовка:
Шеќерот ставете го во водата и загревајте. Додадете го маргаринот. Кога ќе добиете еднолична течност, тргнете од ринглата и додадете го млекото во прав. Најдобро е да го просеете низ цедалка за да нема грутки.
Смесата поделете ја на 2 дела – во едниот ставете го растопеното бело чоколадо, а во другиот црното чоколадо.
Ставете ги смесите во подмачкан калап за ролат, една над друга. Ладете неколку часа.