Во Кривичниот суд продолжува судењето за предметот „Монструм“ на СЈО. На судењето ќе продолжи сведочењето на загрозениот сведок, за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.
Претходното рочиште беше прекинато поради замореност на сведокот, кој рече дека си останува на исказот кој го дал на претходната постапка. Тој во судницата препозна тројца од обвинетите.
Одбраната оцени дека сведокот е конфузен во одговорите и се сомневаат во вистинитоста на неговите искази.
Во декември Врховниот суд ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, по што им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот го презеде СЈО и предметото беше вратен на повторно судење.
За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по кои е распишана меѓународна потерница. Судот информира дека се во контакт со косовските власти за постапката за екстрадиција.