Ванчо Петрушевски загина од струен удар во неговата викендичка
Актерот Ванчо Петрушевски почина денеска на 67 години, објавија на своите Фејсбук профили неговите колеги од Драмскиот театар. Неофицијално, како што пренесува порталот СДК, загинал од струен удар во неговата викендичка во Орешани, близу Драчево, каде живеел во летните месеци.
Во моментот увид на местото на несреќата прави екипа на МВР и дежурен јавен обвинител.