Манука мед – најздравиот мед на светот

Историски, медот е еден од најстарите лекови во природната медицина. Бенефитите на секој мед се различни и нудат различни користи за нашето здравје, но во последно време огромна популарност добива манука медот.

 

Овој мед потекнува од Нов Зеланд и е еден од најлековитите медови. Овој мед во последно време станува многу популарен кај нутриционистите и луѓето кои се обидуваат да водат здрав начин на живот. Се нарекува манука мед, бидејќи доаѓа од Манука дрвото.

Употребата на овој мед е широка, од лечење рани и инфекции, до подобрување на имунитетот, до лечење на акни и егземи.

Медот од манука содржи многу хранливи материи, меѓу кои и витамини од групата Б, железо, манган, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Концетрацијата на корисните материи кои овој мед ги содржи е речиси четири пати поголема од останатите видови мед.

Овој мед се смета за најмоќен природен антибиотик. Тој има огромна моќ во борбата против ешерихија коли, болки во грлото, салмонела, хеликобактер пилоли – бактеријата која ги предизвикува поголемиот број на стомачни чиреви, а е корисен и за резистентните ентерококи, несоница, алергии, кариеџ. Исто така, помага и за лекување на кожни чиреви, рани, испукана и сува кожа, како и изгореници, но и акни и егземи а често се користи и во производите за убавина, поради тоа што и дава еластичност и здрав изглед на кожата.

Треба да знаете
Последни објави