Австриска министерка се онесвести на Европскиот форум

 На министерката за надворешни работи на Австрија синоќа ѝ се слоши за време на еден разговор во рамки на Европскиот форум, по што веднаш пристигна брза помош.

Сведоците на настанот тврдат дека министерката Карин Кнајсл ја изгубила свеста. Во конгресниот центар , пристигнала брза помош, а за потребите на министерката слетал и еден хеликоптер. Кнајлс не отишла во болница.

Од Министерството за надворешни работи потврдија дека на министерката ѝ се слошило и дека се повлекла во соба.

Минатата недела министерката се омажи, а на нејзината свадба дојде и претседателот на Русија, Владимир Путин. Таа штотуку се врати од меден месец во Хрватска. Ова е втор пат нејзиното здравје да биде загрозено, во април лежеше две недели во болница поради вирусна инфекција добиена во текот на посетата на Русија.

Треба да знаете
Последни објави