По судир на туристички автобус со комбе, противпожарната служба на Грција, со употреба на скала преку прозорецот на автобусот спаси 50 лица (48 патници и двајца возачи).
Според грчка новинска агенција во туристичкиот автобус се превезувале туристи од Србија, сите се неповредени, само двајцата возачи биле полесно повредени, а еден е пренесени во болница.
Сообраќајната несреќа се случила околу два часа по полноќ во близина на Солун, а крајната дестинација на автобусот бил островот Евија.
Во спасувањето на туристите од автобусот, учествувале пет пожарникари со две возила.